НОВО · ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ · ДОСТАПНА СЕГА
Зошто најуспешните лидери не работат понапорно — туку одлучуваат преку поинаква архитектура
Софче Јовановска · Книга втора · 4 дела · 12 поглавја · изданија на македонски и англиски
Лидерството не станува потешко затоа што компанијата пораснала. Станува потешко затоа што лидерот станал инфраструктурата.
Секое надворешно мерило вели успех. А сепак, сѐ поминува низ вас — секоја ескалација, секое одобрување, секоја одлука што „само треба накратко да се провери". Логиката вели дека искуството треба да го прави лидерството полесно. Па зошто тогаш станува потешко токму кога вие станувате подобри во него?
Оваа книга одговара со дијагноза до која повеќето книги за лидерство никогаш не стигнуваат: најскапиот проблем на врвот не е напорот, информациите или талентот. Тоа е Спојувањето на идентитетот со улогата (Identity-Role Fusion) — невидливата структура во која идентитетот на лидерот се споил со функционирањето на организацијата, сѐ додека ништо не може да се придвижи без да помине низ него.
Зошто товарот расте токму со успехот — и зошто тоа не е цената на успехот, туку симптом на структурата.
Петте слоја на идентитетот, стапицата што успехот им ја поставува токму на најдобрите и стабилноста под притисок.
Извршниот оперативен систем (Executive Operating System), Извршната матрица на одлучување (Executive Decision Matrix) и Филтерот со три полиња (3-Box Filter™) — структурите што им овозможуваат на одлуките да се затвораат без вас.
Преминот од лидер кој е инфраструктурата кон лидер кој е архитектот.
Без утрински рутини. Без мотивација. На врвот, проблемот повеќе не е напорот — туку архитектурата.
Бесплатен Дел I
Целосниот Прв дел (три поглавја, дизајнирано PDF издание), на македонски или англиски. Оставете е-пошта и пристига веднаш.
Без билтен, без секојдневни пораки. Добивате го Делот I и уште најмногу две-три писма поврзани со книгата.
Целата Книга
Она што го добивате:
Комплетната книга: 4 дела, 12 поглавја (дизајнирано електронско издание, PDF)
Двете јазични изданија — македонското и англиското, во ист пакет
Канонскиот речник на методологијата EI&DA™ — 13-те поими со дефиниции
Пристап до Owner-CEO дијагностиката (CEO Decision Pressure Index™) како прв практичен чекор по читањето
Плаќање со картичка преку Gumroad. За купување на фирма — фактура и уплата на сметка: линк кон формата.
За кого е
Оваа книга е напишана за сопственици и извршни директори чии организации пораснале побрзо од нивните системи — луѓе низ чии раце поминува сѐ и кои знаат дека тоа не е одржливо.
За кого не е
Не е за оние што бараат мотивација, навики на успешните или „10 совети". Таквите книги функционираат на почетокот на кариерата. Оваа започнува таму каде што тие престануваат — на врвот.
Софче Јовановска е креаторка на Executive Identity & Decision Architecture™ (EI&DA™) — методологија изградена од 35+ години поминати во просториите каде што се донесуваат одлуките: институционално управување, раководење со владин кабинет и две децении служба во надзорни и регулаторни одбори. Во моментов е генерален директор на Scalefocus North Macedonia.